По вчерашната информација дека премиерот на Словенија, Јанез Јанша, испратил неофицијален „нон-пејпер“ документ до Брисел, во кој се бара поделба на БиХ, а тој потоа ги негираше обвинувањата, словенечките медиуми пренесуваат дека документот најверојатно постои. Сепак, нон-пејперот што го разбранува Балканот не беше доставен, како што пишуваат словенечките медиуми, не е доставен преку редовна постапка, туку преку тајни канали.
Словенечкиот портал „24ur.com“ објави, повикувајќи се на извори, дека постои голема можност тајниот документ навистина да постои, но дека тој, наводно, бил доставен преку вообичаените дипломатски канали. Исто така, тие тврдат дека документот не го виделе највисоките службеници на Словенија. Според споменатиот извор, документот повикува и на враќање на поранешниот премиер Никола Груевски, во земјата.
Новинар од порталот Дело на својот профил на Твитер објави дека прес-службата на претседателот на Европскиот совет Чарлс Мишел потврдила дека добиле „нон-пејпер“ од премиерот Јанша за Западен Балкан, кој според неофицијални информации, беше испратен минатата година.
Како што вчера објави Блиц, Словенија ќе го преземе претседателството со Европската унија на 1 јули, а Јанша наводно планира да наметне одредена визија за „комплетирање на распадот на Југославија“ за тоа време на агендата. Визијата е преведена во „нон-пејпер“ документот и подразбира промена на границите, конкретно отцепување на Република Српска и прекројување на границите во Црна Гора, Северна Македонија и Албанија.