По 120 часа, колку што момќето Рајан помина во бунарот во кој падна на 1 февруари, итно беше префрлен во болница со хеликоптер, штом беше извлечен на површината. Но, на пат до болницата не преживеа.
– По трагиќната несреќа која го однесе животот на детето Рајан Орам, кралот Мухамед VI им телефонираше на родителите на момчети, Калед Орам и Васима Кершиш. Кралот потврди дека внимателно го следел развојот на оваа трагична несреќа, давајќи инструкции на сите надлежни органи, со намера да преземат потребни мерки и да вложат максимални напори да го спасат животот на момчети, но волјата на семоќниот Бог сакаше да го исполни повикот на својот Господар – објавено е како соопштение од кралскиот двор на Твитер.
За потсетување, петгодишникот од Мароко, во вторникот падна во бунар длабок 32 метри, а спасувачите со денови копаа дупка паралелна со бунарот за да дојдат до момчето. Очајнички се обидуваа да дојдат до него, а денеска успеаја во тоа во завршната фаза од операцијата. Работеа цели денови и ноќи.
Милиони луѓе ширум светот во минута ја следеа приказната за акцијата на спасување и судбината на малиот Рајан.