Принцот и принцезата од Велс заедно со војводата и војвотката од Сасекс прошетаа надвор од замокот Виндзор што е прво појавување на Вилијам и Кејт со новите титули.
Сопругите во црно
Кејт и Меган за оваа прилика биле облечени во црно и се прошетале со своите сопрузи меѓу народот, се ракувале со луѓето и добиле изрази на сочувство.
„Баба ми рече дека тагата е цената што ја плаќаме за љубовта. Секоја тага што ја чувствуваме во наредните недели ќе биде доказ за љубовта што ја чувствувавме кон нашата извонредна кралица. Ќе го почитувам нејзиниот спомен со поддршка на мојот татко, кралот, на секој можен начин“, изјавил престолонаследникот Вилијам.
Тој додал дека кралицата била со него во неговите најсреќни, но и најтажни денови во неговиот живот.
„Знаев дека ќе дојде овој ден, но ќе помине малку време пред реалноста да се живее без баба да стане реална“, рекол тој.
Ова е прво заедничко појавување на принцовите со нивните сопруги по долго време. Иако Хари и Меган ова лето присуствуваа на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата, тие останаа настрана и не беа фотографирани со Вилијам и Кејт.
Чарлс наводно го замолил Хари да не ја носи Меган во Балморал
Да потсетиме, Меган не му се придружи на Хари кога тој отишол да се збогува со својата баба во Балморал. Наводно тоа од него го побарал новопрогласениот крал Чарлс III.
„Чарлс му кажа на Хари дека не е правилно или соодветно Меган да биде во Балморал во толку тешко време. Му беше истакнато дека Кејт нема да оди и дека тие навистина треба да се ограничат на потесното семејство. Чарлс многу, многу јасно рече дека Меган нема да биде добредојдена“, изјавиле извори за The Sun.
Кралот ги спомнал Хари и Меган во својот говор
Чарлс им подал рака на помирување на принцот Хари и Меган во обраќањето до нацијата по смртта на неговата мајка.
„Исто така, сакам да ја изразам мојата љубов кон Хари и Меган додека тие продолжуваат да ги градат своите животи во странство“, рекол Чарлс откако му ја признал титулата на Вилијам како принц од Велс, а неговите зборови би можеле да се протолкуваат како обид да се помири со својот одметнат син.
Хари и Меган имаат затегнати односи со кралското семејство откако се повлекоа како високи членови на кралското семејство во јануари 2020. година. За време на интервјуто со Опра Винфри во март 2021. година, принцот Хари откри дека имало време кога неговиот татко престанал да одговара на неговите повици.
https://twitter.com/i/status/1568636422625677313