Адел (33) во последно време сѐ поприсутна е во медиумите поради тајната врска, новиот албум и големото искрено интервју за „Вог“.
Овој пат таа за „Вог“ изјави дека се преселила во САД, затоа што живеењето во Лондон било прескапо за неа, што ги збунило нејзините обожаватели. Имено, јавноста веднаш реагираше на нејзината изјава бидејќи пејачката инвестирала вкупно 33 милиони долари во својот нов дом во Лос Анџелес.
– Во Лондон никогаш не би можела да имам куќа како онаа што ја имам во Лос Анџелес. Никогаш – рекла Адел во последното интервју.
Таа додала дека поголемиот дел од времето во Лондон го поминала во автомобилот или во зградата и дека сака да се пресели некаде каде што „воздухот е свеж“.
Имено, ова не е прва голема инвестиција во недвижен имот на славната пејачка. Во 2016 година, таа го купи својот прв дом во Беверли Хилс за 9,5 милиони долари, а три години подоцна купи и втор дом за 10,65 милиони долари.
Пред неколку месеци, таа купи и куќа со четири бањи и четири спални соби за неверојатни 10 милиони долари, а сите три имоти се наоѓаат еден до друг.
Повеќекратната добитничка на „Греми“ наскоро фановите почнаа да ја критикуваат изненадени од изјавата дека животот во Лондон ѝ бил скап, додека истовремено инвестирала над 30 милиони долари во својот нов дом.
„Нејзината вредност е околу 190 милиони. Таа може да си дозволи живот и на Марс ако посака“, напишал еден нејзин обожавател.
„Купила три куќи во Лос Анџелес, за вкупно 30 милиони долари, но не може да си дозволи недвижност во Лондон?“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.