Принцезата Марта Луиз од Норвешка среќата во љубовта ја нашла со шаманот од Калифорнија, Дурек Верет, со кој договорила свадба.
Норвешката принцеза Марта Луиз (51) официјално објави дека ќе се омажи за својот партнер, „духовен исцелител“ и самопрогласен шаман, Дурек Верет (48). Марта се повлече од кралската позиција за да му се посвети на алтернативен начин на живот.
Ова ќе и биде втор брак, од првиот има две ќерки, а нејзиниот прв сопруг, авторот Ари Пен, страдал од тешка форма на депресија и извршил самоубиство на Божиќ 2019 година.
Свадбата на најстарата ќерка на норвешкиот крал е закажана за 31 август 2024 година во Гејрангер, ценета по типичниот норвешки пејзаж меѓу планините и фјордовите. Ова место е познато по својата спектакуларна природа, а е под заштита на УНЕСКО.
Кралот Харалд V рече дека неговото семејство е „воодушевено да го пречека“ Верет, кој е од Калифорнија и тврди дека е шаман од шестата генерација.
Парот, кој ја обиколи земјата во 2019 година на турнеја наречена „Принцезата и Шаманот“, предизвика бура во Норвешка со нивните алтернативни верувања. Во изминатите неколку години, Марта Луиз рече дека може да разговара со ангели, додека Верет тврди дека комуницира со широк спектар на духови, практикува античка медицина и има медалјонот што помага да се одбегне тешката енергија, магии и темнината!!??