Атрактивната актерка со шпанско потекло, Пенелопе Круз го прослави својот 48-ми роденден.
Пенелопе својата филмска кариера ја започнала на само 16 години и тоа со улога во филмот „Jamón Jamón“ каде актерски партнер ѝ бил нејзиниот сопруг – Хавиер Бардем.
Веднаш по премиерата на филмот, шпанската актерка oд страна на магазинот „People“ беше прогласена за секс-симбол, а покрај атрактивниот изглед, Пенелопе ја краси и талентот за актерство. Таа за наведениот филм била номинирана за „Гоја“ наградата по што ѝ се отвориле вратите во светот на актерството.
Во текот на кариерата, Пенелопе имала голем успех во филмската индустрија, меѓутоа, најголема слава постигнала од 2006 до 2010 година глумејќи во филмовите кои заработиле вртоглави суми на пари и кои станале блокбастери. Тука била номинирана речиси за сите награди кои една актерка може да ги добие.
Не е непознато дека Пенелопе во текот на својата долга кариера често соработувала со Педро Алмодовар кој за неа бил и повеќе од деловен партнер. Таа во една прилика во интервју за „Variety“ зборувала за длабоката конекција која ја има со шпанскиот режисер.
„Не може да ме лаже, а не можам ниту јас него. Дури и не се трудам“, објаснила актерката и додала дека во текот на снимањето на филмот тие двајца формирале длабока дистанца за нивната поврзаност да не влијае на работата.
Што се однесува до љубовниот живот, актерката својот емотивен партнер Хавиер го запознала во 1992 година
„Дали имаше хемија? Секако. Доволно е да го погледнете филмот, тој е документ за хемијата меѓу нас, остварување кое ќе им го покажуваме на децата и внуците. Привлечноста постоеше од старт, но таа беше малолетна. Имаше само 16 години кога го снимавме филмот, а јас 21, па ништо не можеше да се случи. Беше храбро од нејзините родители да ѝ дозволат на толку малку години да сними еден провокативен филм, полн со експлицитни сцени со секс“, раскажал во една прилика Хавиер, па додал:
„Таа не е само убава, таа е најсексапилната жена на светот“.
Тие имаат син Лео и ќерка Луна, а својата љубов ја крунисале со брак во 2010 година кога во тајност се венчале во куќата на својот пријател на Бахамите.