Животот на познатата канадска пејачка е обележан со големи трагедии, а болеста со која со години се соочува ја направи една од најнесреќните жени на светот. Селин Дион има сакано само еден маж во својот живот и има поминато фасцинантен пат од сиромашно девојче, кое пораснало со 13 браќа и сестри, до светски позната ѕвезда.
За жал, веќе извесно време боледува од тешка болест што се појавува кај еден човек од милион луѓе. Станува збор за „синдром на вкочанета личност“. Многу е редок и прогресивен, го погодува нервниот систем, особено мозокот и ‘рбетниот мозок.
Пејачката има силни парализирачки болки во нозете и стапалата, целото тело ѝ е вкочането, многу е слаба и деновите ги поминува во неверојатни болки. Редовно оди на терапии, но грчевите и понатаму ѝ ги попречуваат секојдневните активности, како што е пеењето. Многу ослабела и едвај станува од кревет.
Со оглед на тоа што ги откажала сите турнеи и концерти поради болеста, тоа дополнително влијаело врз нејзиното расположение.
„Срцето ми е скршено. Не е фер кон вас и понатаму да ги одложувам концертите, па најдобро е сега да откажам сè додека повторно бидам подготвена да застанам на сцена. Сето ова ми предизвикува голема болка. Сакам да знаетедека не се откажувам и дека едвај чекам повторно да се видиме“, навела таа во официјалното соопштение минатата година.
Инаку, Селин има 56 години и многу успешна кариера зад себе, исто како и единствениот маж со кого била некогаш, а кој починал.
Имено, таа имала 12 години кога го запознала својот продуцент Рене Анжелио, кој тогаш имал 38 години и во кого набрзо се вљубила. Дури кога Селин наполнила 19 години, помеѓу нив почнала да се раѓа голема љубов. Двојката на почетокот ја криела својата врска поради големата разлика во годините. Седум години подоцна се венчале и така ја обелоденила својата романса.
За жал, по две години Рене се разболел од карцином, но се изборил за да продолжи понатаму. Седум години биле на врвот на сите топ-листи во светот, а потоа во 2001 година, Селин одлучила конечно да направи пауза, бидејќи го очекувале првото дете. Им се родил синот Рене Шарл, кој денес има 22 години. Близнаците Еди и Нелсон ги добиле девет години подоцна.
За жал, болеста на Рене напредувала и тој починал во 2014 година, а Селин поминала неколку месеци покрај неговата постела, сè до неговиот последен момент. Тие биле 20 години во брак. Два месеца подоцна останала и без брат ѝ Давид.
По големата тага успеала да се издигне од пепелта, но по неколку години ги почувствувала симптомите на својата подмолна болест. Некои медиуми дури и пишуваа дека починала, но таа вест, за среќа, не беше точна.