Мерилин Монро наводно му ја родила ќерката Гледис Бејкер Морис на американскиот претседател Џон Кенеди, со кого наводно имала страсна љубовна врска.
Тврдењето на гинекологот на познатата актерка Мерлин Монро, кој пред многу години изјавил дека Мерилин Монро родила ќерка по два спонтани абортуси во јуни 1961. година, може да го потврди постоењето на Гледис Бејкер Морис. Таа покренала правна постапка бидејќи поголемиот дел од животот го поминала во верувањето дека е натамошен потомок на познатата актерка, поточно ќерка на нејзината братучетка Мередит Бејкер.
Во март 2014. година, на смртната постела, Мередит и признала на својата ќерка дека е посвоена и дека всушност е плод на забранетата љубов меѓу Мерилин Монро и Џон Кенеди.
– Ми кажа дека Мерилин се плашела дека браќата Кенеди ќе ја убијат неа и детето ако дознаат за бременоста, па се породила во тајност и ме сокрила кај неа набрзо по породувањето – открила Гледис.
Откако пронашла документи дека е навистина посвоена, Гледис го завршила процесот на докажување на нејзината сродност со еден од најинтригантните парови во историјата. Доколку ДНК анализата покаже дека навистина е ќерка на Мерилин Монро и Џон Кенеди, се проценува дека ќе добие 100 милиони долари, колку што е проценетото богатство на славната актерка, кое годишно се зголемува за неверојатни пет милиони.