Романката Мадалина Генеа која живее и работи во Италија е една од најубавите Европејки.
Полни усни, мал нос, истакнати јаболчници, совршени пропорции и облини ја красат Мадалина, меѓутоа таа не изгледала отсекогаш така, а поради тоа следеле низа естетски корекции.
Мадалина отсекогаш имала полни усни, меѓутоа одлучила дополнително да ги пополни, потоа го стеснила носот, ги коригирала јаболчниците, направила мачкини очи, но исто така вградила и силикони на градите.
Фотографиите стари 10-на години од почетокот на нејзината кариера јасно покажуваат колку Мадалина се сменила, но сепак не можеме, а да не признаеме дека оваа згодна Романка и тогаш била многу убава и атрактивна.
Мадалина ја започнала својата кариера само на 15 години кога ја открил италијански дизајнер. Благодарение на својата убавина и талент таа учествувала во многубројни модни кампањи и ревии, а завела и многу славни мажи.