Фустанот е со потпис на дизајнерката Алесандра Рич, а актерката парчето го искомбинирала со сребрени сандали и синџир околу колковите.
Инаку, Сијена Милер важи за една од најголемите заводнички во Холивуд, а сега се забавува со 15 години помладиот дечко Оли Грин. Нејзиниот љубовен живот е како филм. Таа беше во врска со еден од најголемите миленици на жените – Џуд Лоу. Нивната свршувачка заврши скандалозно, имено, Џуд ја изневерил со дадилката, а набрзо добил дете со келнерката Саманта Бурк. Деталите за измамата протекоа во јавноста и во длабочина го засенија сето она што Милер го правеше на професионален план.
Медиумите тврдеа дека имала афера со актерот Даниел Крег, а Сијена по целата приказна влегла во романса со театарскиот актер Том Старинџ, со кој подоцна ја добила ќерката Марла.