Таа беше на врвот на својата слава кога и беше дијагностициран рак на дојка на само 36 години. Иако на почетокот оваа информација ја криела од сите, два месеци подоцна проговорила за се и ја нагласила важноста на раниот преглед. По третманот, на Кристина и биле отстранети јајниците и матката, за да не ги нападне ракот и тие органи.
Кристина Еплгејт со години беше искрена за борбата со мултиплекс склероза, а сега откри дека добила уште една поразителна вест. На подкастот на Dax Shepard’s Armchair Expert, таа откри дека имала 30 лезии на мозокот.
„Најголемата ми е зад десното око, затоа десното око многу ме боли“ – рекла таа.
Иако видот не и е нарушен, таа призна дека движењето и е тешко. Напредната медицина им помага на болните од мултиплекс склероза да живеат подолго, но Кристина истакнува дека не е 100 отсто сигурна дека ќе биде жива за околу десет години.
“Тоа е страшното за мултиплекс склерозата – никогаш не завршува. Толку сум лута поради тоа, не можете да ја победите“, – рече таа.