Видеото од утринската програма на РТС стана хит на социјалната мрежи.
Имено, во него е прикажана мапата на светот, а со црвена боја беа обележани државите во кои има најмногу заразени од коронавирус.
“ На оваа мапа можеме да ги видиме црвените земји кои имаат најмногу проблеми – Италија, Кина а ова е…“ рече новинарот на РТС а на неговите зборови се надоврза уредничката која праша:
“Ова е Шпанија, зар не?, на што тој одговори: “Не, ми се чини дека е Пакистан“.
“Добро, што бара Шпанија толку далеку од Европа?“, рекла таа низ смеа.
Нивниот извештај предизика критики на социјалните мрежи, а пред се, на Твитер.
-Плачам од смеење. Двајцата гледаат во Иран. Таа вика Шпанија, тој вели Пакистан. Па, одите по ѓаволите. Како известувате? А податоците се од синоќа, не стигнаа три броја да внесат. Пекол – напиша еден твитераш.
https://twitter.com/i/status/1239075814701969408