Сè уште изгледа импресивно: Шерон Стоун се врати на модната писта по цели 33 години (ФОТО)

by Тони Зографски

Холивудската актерка Шерон Стоун повторно се најде на модната писта, повеќе од три децении по нејзиниот последен манекенски ангажман.

Шеесет и осумгодишната актерка беше дел од ревијата на модната куќа „Ветман“ за машката колекција пролет/лето 2027, претставена во рамките на Модната недела во Париз.

Стоун на пистата се појави во предимензионирано бело сако, црна кошула со јака, бела вратоврска и високи црни чизми од латекс со потпетици. Нејзината руса коса беше стилизирана во права боб-фризура.

Шерон Стоун на годинашната Модна недела во Париз / Фото: Profimedia

Последен пат Шерон Стоун дефилираше на модна ревија во 1993 година, кога ја затвори ревијата на „Валентино“ за колекцијата пролет/лето 1994 на Модната недела во Париз. Тогаш носеше бел мини-фустан, чипкани хулахопки и впечатлива чипкана шапка со долг вел.

Шерон Стоун на ревијата на „Валентино“ во 1993 година / Фото: Profimedia

останати вести