Легендарниот турски голман Рушту Речбер се бори за живот, а турските медиуми прстот во вперија кон неговата сопруга Исил која го заразила сопругот со коронавирус. Исил се вратила во Турција после патување во Соединетите Американски Држави, но ги прекршила прописите за задолжителен двонеделен карантин.
Како што пренесува „Милиет“ таа место во карантин, веднаш отишла во својот козметички салон каде покрај сопругот заразила уште неколку лица.
Инаку, рекордерот по бројот на натпревари за репрезентацијата на Турција пред два дена е примен во болница, а денеска стигна информација дека состојбата му се влошила и дека морал да биде приклучен на респиратор.
„Шокирани сме колку бргу се развиваат симптомите на неговата болест“, изјавила Исис која испрати емотивна порака на социјалните мрежи упатена до својот сопруг.