Холивудската глумица Гвинет Палтроу организираше забава на која беше забранета шминка. На забавата присуствуваа 40-годишната Кејт Хадсон, 57-годишната Деми Мур, како и 47-годишната девојка на Кијану Ривс, Александра Грант. Овие прекрасни жени го испочитуваа правилото и се појавија без грам шминка на нив, а сепак изгледаа совршено.
Особено со својот изглед воодушеви Деми Мур. Таа покажа дека на 57 години изгледа совршено и без грам шминка.
„Убавината е многу повеќе од тоа што го гледате“ напиша таа под фотографијата од шоуто којашто ја сподели на „Инстаграм“.