Целосно срушени гробишта на кои висат десетици ковчези. Ова била сцената на која наишле Наполитанците во понеделникот попладне, кога дел од зградата во која биле сместени нишите за погребување на нивните најстари гробишта, се урнале поради силниот дожд.
Но, сцената им е веќе позната на Наполитанците.
Во јануари нешто слично се случило и во друг дел од градот. Граѓаните, пак, го обвинуваат лошото управување со градските гробишта за создавање урнатини, во кои се претвориле надгробните споменици на нивните најблиски.
Најмалку десетина ковчези останале да висат во воздухот откако дел од мермерна зграда се урнал на најстарите гробишта во Неапол. Поради тоа, властите го ограничиле движењето на гробиштата во Поџореале и започнале истрага.
Ден потоа, односно во вторник, револтираните и шокирани граѓани се собрале на протест пред гробиштата, обвинувајќи ја за штетата управата на гробиштата, која воопшто не ги одржува тие површини.
„Имавме среќа што ковчезите на моето семејство не испаднале“, изјавил Маурицио Боди за италијански весник. Во ниши ги закопал сопругата, двајцата родители и свекорот.
А во јануари минатата година мештаните наишле на сличен инцидент, кога на другиот крај на градот се урнала зграда со околу 300 гробни ниши, па не им веруваат на ветувањата.