Сцена како од хорор филм се случила пред еден ноќен клуб во Сплит. Како што пишуваат медиумите, непознато лице му го одгризало левото уво на 20-годишен турист од Франција. Вработените во ноќниот клуб откриле дека одгризаниот дел од увото бил ставен во мраз, па лекарите успеале повторно да му го сошијат. Откако му било повторно зашиено, тој бил пуштен дома.
“Далмација денес“ дознава дека маж нападнал турист затоа што „на криво му ја погледнал девојката“. Полицијата соопшти дека на инцидентот му претходела расправија.
Полицијата трага по сторителот кој избегал по инцидентот.