По зачестените радарски контроли од страна на полицијата, преку својот Фејсбук профил се огласи лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
“Сфаќаш дека буџетот е празен, кога од Велес до Штип има три џандарски РАДАРИ“ напиша Апасиев на својот Фејсбук профил.
“Како тазе возач, ќе потврдам дека низ цела Македонија има буквално полициска рација, радари на секој чекор, а казнуваат и пешаци за непоминување на прешачки премини. Јас веќе го збогатив државниот буџет за возење 60 км/ч на местото на автопатот каде градат наплатна станица. Како педери, да ми прости ЛГБТ заедницата, се сместиле кришум, ловат жртви и уште ми покажуваат колку заработиле, не можеле да постасаат…“ – му коментираше универзитетската професорка Билјана Ванковска.
Comments are closed.