“СФАТИВ ДЕКА УБАВИНАТА И ПАРИТЕ НЕ ЗНАЧАТ НИШТО“: Хрватската манекенка Нина Бојановиќ проговори за борбата со епилепсија (ФОТО)

by Тони Зографски

Нина Бојановиќ, поранешна Мис Супранационал на Хрватска, проговорила за борбата со епилепсијата, која и била дијагностицирана пред шест месеци.
За жал, таа мора да го поминува поголемиот дел од своето време во болница. Двапати била во индуцирана кома и двапати на респиратор за да избегне срцев или мозочен удар.

– Поминав се и сешто во последните шест месеци, и тука не е крајот. Епилепсијата е болест за која малку се зборува, но е многу сериозна и не можете да ја контролирате. Тешко ми е, не се справувам добро во моментов бидејќи тоа е нешто ново за мене. Се обидувам да застанам на нозе и психички, и физички, со помош на семејството и лекарите –  раскажува Нина, која на 20-годишна возраст двапати била во индуцирана кома и двапати на вентилатор,  за да не добие срцев или мозочен удар.

 

Таа истакнала дека нејзиното семејство е нејзиниот најголем поддржувач и се осврнала на манекенството.
„Сфатив дека убавината и парите не значат ништо, бидејќи ништо не е поважно од здравјето и семејството. Се занимавав со манекенство и станав Мис Супранационал на Хрватска, но искрено ќе кажам дека тој избор не ми требаше”, признала таа.

Во моментов најважно и е да застане на нозе и повторно да се фокусира на себе.
– Епилепсијата ме уништи во многу области од мојот живот. Не можам да излезам како сите мои врсници, ми е одземена возачката дозвола како и некои од работните места за кои сонував. Од времето поминато внатре, во болница, се плашам да излезам бидејќи добивам напад на паника или анксиозност – вели таа.

останати вести