СУРОВИОТ СВЕТ НА МОДАТА: „Ме силуваше кога бев дете, ми даваше кокаин да ослабнам, па ме исфрли на улица“

by Тони Зографски

Поранешната манекенка Каре Отис мажена Сатон (екссопруга и на актерот Мики Рурк) поднесе тужба во која се тврди дека Жералд Мари, поранешниот шеф за Европа на славна француска агенција за модели, постојано ја силувал во неговиот стан во Париз, кога имала само 17 години.

По шест месеци злоупотреба, Сутон одбила да има секс со Мари. За возврат тој ја исфрлил од својот париски стан, пренесува „The Guardian“.

Меѓутоа, поранешниот супермодел не е единствената која го преживеала тоа.

За тој случај сите знаеле, но молчеле – бил јавна тајна. Обвиненијата се однесувале на периодот меѓу 1980 и 1989 година.

Во тој период во „Elite Models“ започнале кариера и Наоми Кемпбел, Клаудија Шифер, Синди Крафорд…

Џералд Мари (70) на почетокот на 80-те години работел за агенцијата „Paris Planning“ која во 1986 година се споила со „Elite Model Management“, а тој станал нејзин европски шеф.

Меѓу жените кои го обвинуваат Мари е и поранешната новинарка на „BBC“ Лиса Бринкворт која го истражувала третманот на манекенките во модната индустрија за документарец на „BBC“ во кој покажала како малолетните модели се присилуваат на секс и консумираат наркотици.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com