Претстојната документарна серија на „Епл ТВ-плус“, со наслов The Super Models („Супермодели“), се враќа на модната сцена од 90-тите низ објективот на некои од најголемите супермодели на тоа време.
Манекенските легенди Синди Крафорд, Наоми Кембел, Кристи Тарлингтон и Линда Евангелиста откриваат детали од своите култни кариери.
Документарецот ќе содржи ексклузивни интервјуа со четирите супермодели, кои ќе пружат увид во своите кариери и ќе се потсетат на своите почетоци во манекенството.
Во официјалното соопштение се наведува дека серијата ги носи гледачите зад камерите и зад модните писти и открива како Наоми, Синди, Линда и Кристи доминирале во елитниот свет на манекенството.
Режисер на серијата е Барбара Копл, а продуценти се Брајан Грејзер и Рон Хауард. Документарецот пристигнува на 20 октомври на „Епл ТВ плус“, а објавен е и краток тизер.
Мини-серијата патува во 80-тите, кога четири жени од различни делови на светот се обединија во Њујорк. Иако поединечно силни, успехот што го постигнаа со здружување ја надмина самата индустрија. Нивниот престиж беше толку неверојатен што успеаја да го надминат брендовите кои ги претставуваа, станаа успешни како и дизајнерите кои ги облекуваа.
Денес, четирите легенди остануваат во првите редови на културата преку активизам, филантропија и деловна моќ. Додека модната индустрија продолжува да се редефинира себеси, како и улогата на жените во неа, приказната за Наоми, Синди, Линда и Кристи останува една од најинспиративните приказни за моќта“, гласи најавата за оваа серија, како што пренесува „Харперс базар“.