Големата жештина која ја зафати Европа им прави проблеми и на војниците, што можеше да се забележи на полагањето заклетва на германската армија во Берлин.
Околу 400 регрути положија заклетва синоќа, во Бандлерблок, на 78-годишнината од неуспешниот атентат на Адолф Хитлер.
За многу војници стоењето во униформа на горештините било „пекол“, пренесува „Танјуг“.
Дури 28 војници имале проблеми, па паднале во несвест или им била потребна медицинска помош.
„Тројца од нив се префрлени во воена болница, а останатите се добро“, соопшти Министерството за одбрана на својот Твитер профил.