Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ од почетокот на својата кариера во 2003 година, па до денеска, од награди, спонзорски договори и бонуси, има заработено фантастични 490 милиони долари.
Со оваа сума Новак е меѓу 50-те најбогати спортисти на светот на сите времиња, а од тенисерите пред него се Роџер Федерер со 675, Андре Агаси со 570 и Рафаел Надал со 520 милиони долари.
Српскиот тенисер покрај на недвижнини, автомобили и јахти, својата заработка ја троши и на својата фондација која им овозможува квалитетно образование на децата. Исто така Новак има инвестирани и во неколку негови ресторани во Белград, еден во Монте Карло, и како што тој вели, парите не му значат многу.
“ Парите не ми значат ништо. Не го гледам тенисот како професија нито својот живот низ призма на парите. Тие за мене се средство за обезбедување на квалитетен живот и животен стил, и ништо друго“ – изјавил Ѓоковиќ во една прилика.