Сузана Турунџиева ужива во летото. Македонската пејачка и водителка сподели фотографии од релаксираните моменти на островот Лефкада во Грција.
На дел од фотографиите, таа позира со својата ќерка Матеа. „Јас, ти и морето“ – пишува на објавата на Instagram.
Турунџиева изгледа одлично во розови бикини и на 55-годишна возраст.
„Единствениот поглед од кој секогаш одново ми запира здивот“ – напиша Турунџиева на фотографија од плажата Порто Кацики.