Сузана Манчиќ за еден месец ќе наполни 63 години и навести дека ќе оди во пензија.
-По силата на законот следната година ќе одам во пензија. Е дури тогаш ќе видите кога ќе се распишам – вели Сузана која по двете автобиографии планира да напише и трета.
-Јас навистина сум писателка, иако засега само писателка во обид – вели Сузана, која истовремено откри за кого би напишала книга:
-Не сакам да го рекламирам бидејќи човекот и така е бренд за себе. Се работи за Јован Мемедовиќ кој за мене е многу интересна личност.