Сузана Манчиќ и во поранешна Југославија а и денеска важи за една од најатрактивните и најпосакуваните дами на сцената. За неа “глава губеле“ многу мажи, а Сузана во една прилика призна дека била во врска и со оженети мажи.
Сепак, една јавна фаца била потполно рамнодушна и “ладна“ спрема неа. Се работи за глумецот Бранислав Лечиќ кој бил сон на многу жени од екс Југославија.
Токму водителката ја опиша ситуација кога била откачена.
-Бранислав Лечиќ бсше во класата на Даница Максимовиќ. Во една прилика Даница ми вели: “ Сега ќе те запознаам со Лека“. И навистина излеговме ние како “четворка“ бидејќи Даница беше тогаш мажена. Но, човекот воопшто не реагираше на мене, тотално ме “искулира“. Едноставно, не бев негов тип. Приказната дека одбил да биде интимен со мене, е многу грубо кажано“ изјавила Сузана и додала:
Лека во тоа време го сакаа сите. Јас тогаш бев многу популарно и сакав да бидам со него бидејќи беше интересен и различен од другите. Но, ништо не излезе од тоа.