Од кога се појави на јавната сцена, водителката и писателка Сузана Манчиќ важи за една од најубавите жени. Годините не ѝ одзедоа многу на нејзината убавина и без разлика на достоинственото стареење, таа успеа да го задржи младешкиот шарм и убавиот изглед во согласност со нејзините години.
Како што истакнува и самата, жената за да биде убава мора да се грижи за себе, а оваа лекција ја научила од својата мајка, поради што сите жени во семејството на Сузана се природно убави…
“Многу работи се делотворни, но ниеден лифтинг или ботокс нема да вреди ако немате чиста, негувана и здрава кожа, а за тоа не ви е потребен длабок џеб – бара труд. Можете да се негувате со поевтини препарати, а тоа е многу подобро решение отколку да одите на мезотерапија и да имате нечиста кожа. Оние кои немаат пари за третмани можат да нанесат маска од жолчка од јајце, мед и маслиново масло, што е одлично.