Пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ Невенка Стаменковска Жаклина Пешевска, како и група граѓани утринава се обидоа да влезат на судското рочиште „ТНТ“ кое се одржува во Кривичниот суд во Скопје, но беа спречени, пренесува Слободен печат.
Од судот велат дека групата не е пуштена да влезе бидејќи бил исполнет капацитетот на судницата.
Во „ТНТ“, првообвинет е избеганиот во Унгарија Никола Груевски, Миле Јанакиески како координатор на целата акција на незаконското уривање, ексградоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски како логистика и други обвинети од општината.