Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје постапувајќи по доставени барања во врска со Законот за амнестија на настаните од 27 – ми април 2017 година во Собранието на Р.Македонија, а по добиено позитивно мислење од надлежното обвинителство, донесе решенија со кои ги уважи барањата на Богдан Илиевски, актерот Владо Јовановски и режисерот Борис Дамовски. Тројцата беа дел од водството на протестите на ,За заедничка Македонија“.
Оперскиот пејач Игор Дурловски одби да поднесе барање за амнестија и реши правдата да ја истера на суд.
Останите барања за кои од обвинителството е добиено негативно мислење советот донесе решенија со кои истите се одбиваат како неосновани.