Капетенот на „Ер Србија“, Светислав Враниќ ги донесе првите респиратори во Србија, а почина од короната пред неколку дена.
Како капетан на „Ер Србија“, Враниќ управуваше со авионот што донесе медицинска помош од Кина на почетокот на пандемијата. Тој управуваше со авионот што го донесе првиот контингент помош и по тој повод, кога слета на аеродромот „Никола Тесла“, излезе од авионот и го развиори кинеското знаме.
Авионот „А-320“ од Шангај достави дезинфекција, маски, медицински помагала, заштитна опрема, но и шест кинески медицински експерти кои водеа битка за живот во Вухан, каде започна епидемијата на вирусот корона.
На секој пакет пишуваше „Пријатели од челик, ние го делиме доброто и злото“
Заедно со стјуардесата Маша Ѓуров, тој објасни како изгледаат летовите кон Кина, од каде пристигнала медицинската помош. Иако беше искусен пилот, летовите од хуманитарен карактер беа од особено значење за него, пренесува Блиц.рс.
„Секоја година се подготвуваме и минуваме низ разни обуки и освежувања, летни проверки. Ова се случи одеднаш, и повеќето од нашите пилоти не слетаа на тие аеродроми, за што се потребни посебни процедури и знаење. Во еден авион има состав од шест пилоти, а ние имаме три екипи, на чело на секој тим е инструктор, потоа капетански инструктор, уште двајца капетани и копилоти. Компанијата сака да го потенцира аспектот на безбедноста, бидејќи тоа се простори со кои не летаме“, истакна капетанот Враниќ за РТС.
Неговата сестра Дуња вели дека судбината се поиграла со него и го завршил животот на респиратор.
“Сега бев со неговата сопруга, таа е скршена од болка како и сите ние. Тој беше нашата поддршка и поткрепа. Летањето му беше живот. Леташе од својата 17 година“, вели Дуња.