Авиокомпанијата “ИсландеЕр“ објави дека ги отпушта сите свои стјуарди и стјуардеси. Во досега невидената одлука се наведува дека пилотите привремено ќе преземат дел од задолженијата на стјуардесите за безбедноста на патниците во авионот. Мерката влегува во сила од денес, 20 јули. Со овој необичен потег, „ИсландЕр“ става крај на едномесечниот спор со синдикатот на вработените, пренесува „Бизнис индајдер“.
И покрај одлуката, пилотите сепак нема да поминат многу време кај патниците, да туркаат колички и да ги служат патниците. Услугите ќе продолжат да бидат „минимална“, какви што се и сега, како резултат на ситуацијата со коронавирус.
Инаку, стјуардите и стјуардесите играат клучна улога во одржувањето на безбедноста на летот, особено во случај на вонредна состојба. Не е јасно како точно пилот ќе се однесува како управител, особено кога бил известен само два дена порано. Исто така, не е јасно дали ваквиот потег е легален во регионите каде лета „ИсландЕр“. Меѓу нив се САД и Европската унија.
Во САД, стјуардите мора да поминат низ разни обуки пред да станат лиценцирани вработени. На пример во во „Делта ер“, оние што сакаат да работат во авиони поминуваат низ двомесечни тренинзи, каде добиваат упатства за пливање, прва помош и како да ги евакуираат патниците за помалку од 90 секунди. Исландската авиокомпанија, како и сите други во светот, доживеа сериозен удар поради коронавирусот и бројот на патници нагло падна. Во мај 2019 година, во неговите авиони летаа 419.000 луѓе. Во мај 2020 година имаше само 3.100 патници.