Стјуардесата на индиската авиокомпанија „Спајс Џет“, Ума Менакши малку се опуштила за време на летот на кој немало патници, па заиграла во авионот. Тоа предизвика голем број критики на социјалните мрежи и лавина коментари.
Според „ДНА Индија“, во позадина ја пуштила популарната индиска песна „Меra Yааr“, па танцувала за своја душа, не сфаќајќи дека нејзината колешка ја снима.
Откако сфатила дека ја снима, се потрудила дополнително да ги покаже своите танцувачки способности, а потоа видеото го објавила на својот Инстаграм профил.
Штом го објавила, почнале да се редат критики и коментари, а особено воодушевени од нејзините танцувачки вештини се припаднците на машкиот пол, кои веќе почнаа да се распрашуваат за цените на летовите и линиите на кои работи Ума.