Сите оние кои го изгубиле чувството за мирис поради коронавирусот можат да здивнат. Научниците открија кога ќе им се врати.
Луѓето кои го изгубиле чувството за мирис поради КОВИД-19 може да очекуваат да се врати во рок од неколку месеци, покажува една француска студија.
Кај 49 од 51 испитаник, сетилото за мирис се вратило во рок од осум месеци, но две лица сепак имале проблеми со мирисот по една година.
Истражувачите го опишаа ова како одлична прогноза.
Студијата ја водела Марион Рено од Универзитетските болници во Стразбур а во четврток ја објавила на Jama Open Network.
Истражувачкиот тим открил дека сетилото за мирис целосно се вратило кај околу 84 проценти од учесниците по само четири месеци.
По 12 месеци, 96 проценти од испитаниците го повратиле мирисот.
Сите учесници првично го изгубиле сетилото за мирис повеќе од седум дена.