Група истражувачи од Универзитетот во Неапол ги објави резултатите од студијата според која чистењето на устата со 3% раствор на хидроген, со употреба на спреј за нос на база на хидроген и капки за очи, може да помогне во заштитата од Ковид-19, соопшти агенцијата „Анса“.
-Накратко, истражувањата покажуваат дека вирусот може да се неутрализира пред да навлезе во епителот, што се јавува во рок од два дена по заразувањето, ја зајакнува одбраната на организмот и ги чисти устата, носот и очите, кои се главните патишта преку кои вирусот влегува во организмот, – изјави Антонио дел Прете, професор во одделот за очи на Универзитетот Федерико Втори.
Оваа мерка, која се базира на препарати кои се ефтини и достапни за секого, е ефикасна како превенција кај пациенти кои имаат лесни симптоми на инфекција со коронавирус.
Научниците од Неапол ги објавија резултатите од нивната работа во англиското научно списание „”Infection control & Hospital Epidemiology”“.