Студент на Универзитетот во Јужна Каролина бил застрелан и убиен откако бил помешан за провалник додека се обидувал да влезе во погрешна куќа на неговата улица.
Студентот, идентификуван од страна на округот Ричленд како Николас Ентони Донофрио, ја започнал втората година на универзитетот минатата недела.
Донофрио, роден во Конектикат, бил застрелан и убиен рано наутро во саботата во дом на неколку блока од универзитетскиот кампус во Колумбија. Од полицијата велат дека првично биле повикани поради сомневање за кражба, но кога пристигнале на имотот, го пронашле телото на жртвата на предниот трем.
„Непосредно пред 2 часот по полноќ денес, полицајците беа испратени до блокот 500 на улицата Саут Холи за пријавена провала на домот. Мажот бил со прострелна рана на горниот дел од телото“, соопшти градската полиција.
„Прелиминарните информации покажуваат дека Донофрио, кој живеел на улицата Саут Холи, се обидувал да влезе во погрешен дом кога бил смртно застрелан“, додаде полицијата. Покрената е истрага за инцидентот, но лицето кое го повлекло чкрапалото се уште не е именувано, пишува Independent.