По критиките од јавноста за фрлањето ѓубре од женската зграда од студенскиот дом „Пелагонија“ утрово студентите сами ја исчистија депонијата со смет.
Комунална хигиена најави акција за чистење денеска од 13 часот, но се чини дека студентите и раководстово во домот ги претркаа.
Остри критики во јавноста за нехигиената, немањето свет и неодговорност предизвика објавувањето на фотографијата на социјалните мрежи на која беше прикажана депонијата во дворот на студентскиот дом.