Универзитетското студентско собрание на УКИМ ќе бара конфискуваната зграда на ВМРО ДПМНЕ позната како „белиот дворец“ да биде пренаменета во студентски дом, по објавувањето на пресудата за предметот „Талир 2“, со којашто седиштето на опозициската партија и повеќе партиски штабови се конфискуваат.
-На студентите им припаѓа луксузот во кој политичарите до сега незаслужено уживаа! Ова е шансата сите заложби дека на младите е иднината и дека државата се грижи за нас да се докажат како реалност! Ова е шанса да се исправи погрешното трошење на парите. Не ни требаат вашите кристални лустери и позлатени слики, ни требаат тоалети со врата која се затвора, тавани без мувла и ѕидови со изолација!
Оваа идеја одамна ја дискутиравме во нашите кругови и чекавме конечно да се донесе судската одлука. Ова е шанса ние да создадеме нешто, ќе бараме и поддршка за реуредување на просторот по наш вкус, по идеја на студентите, пишуваат од УСС на УКИМ.