Младиот фудбалер Франциско Џеј Навал Перез е избоден до смрт во Шпанија, а полицијата верува дека се работи за напад со предумисла. Осомничениот за убиството на 24-годишниот играч на шпанскиот нисколигаш Чипионе ЦФ е 20-годишен маж кој по немилиот инцидент е уапсен од полицијата.
Фудбалерот познат по прекарот „Пако“ почина во неделата во болница како последица од убодна рана во градниот кош при напад во Кадиз. Шпанската полиција тврди дека немало предумисла бидејќи нема врска меѓу напаѓачот и жртвата.
Очевидци тврдат дека напаѓачот му пришол на Перез и без да каже збор го прободел во градите.
Неговиот клуб Чипиона ЦФ се прости од својот играч на социјалните мрежи.
„Тешко е да се најдат зборови за да се започне оваа порака, се што се случи ни изгледа како ноќна мора, за жал вистина е, нашиот играч Пако Навал Перез почина.