Стампедо од страшни размери се случи на музички фестивал во Хјустон, Тексас, во кој беа повредени десетици посетители, пренесува американскиот abc13.com.
Снимката на социјалните мрежи покажува вознемирувачка сцена на болничари кои реанимираат луѓе кои лежат на подот во толпа на фестивалот Asto World во Хјустон, кој го започна раперот Тревис Скот.
Третиот годишен фестивал привлече голем број посетители, од кои некои не сакаа повеќе да чекаат да се отворат портите и да влезат во просторот ограден и наменет за фестивалот. Во трката и туркањето за што поскоро да се пробијат портите и да се влезе внатре, повредени се голем број посетители.
Противпожарната служба во Хјустон на Твитер објави: „Пожарникарите од Хјустон во моментов се на терен, откако добивме извештаи за неколку повредени цивили“.
https://twitter.com/i/status/1456856889850007553