Инвеститорот и економски аналитичар Мич Фајерштајн има страшни предвидување за Европската унија во 2019 година.
Во емисијата “Keiser Report“ тој вели дека годинава за ЕУ нема да биде тешка само поради Брегзит, туку и поради државите кои можат да го урнат единството на унијата.
Фајерштајн предвидува дека Италија и Франција можат да ја доживеат судбината на Грција.
– Италија има 4 билиони долг а Франција има граѓански протести. Париз веќе најави дека буџетскиот дефицит во 2019 ќе биде 0,2 одсто, повеќе од од прагот 3 одсто, колку што дозволува Европската унија. Брисел го телерира ова кршење на правилото. Истото се однесува и до Италија која е во голем судир со ЕУ по прашањето на буџетот. И Италија и Франција може да гргнат по патот на Грција ако се земе предвид лошиот рејтинг на претседателот Макрон, високата стапка на невработеност и големите социјални нееднаквостки во овие две држави- предвидува овој економски експерт.