Американката Британи Никол Липинкот, од Западна Вирџинија вчера го признала своето злодело на суд откако бил пронајден нејзиниот син во куќа полна со дрога, после пет месеци.
Полицијата детето го пронашле само во долен веш, со модринки на лицето, гениталиите и усните. Било толку многу изгледнаето што задникот му бил само рамни набори на кожата пренесува „Метро“. Таа го држела своето дете заклучено во една соба, а куќата била полна со дрога.
Кога детето било прашано која е причината за повредите, тоа одговорило:
-Мама го направи тоа со клешта.
Детето исто така опишало како било малтретирано од страна на мајка му, како било принудено да седи на маса и само да ги гледа како јадат.
Според „Тајмс Вест Вирџиниан“, злосторството на Липинкот е откриено откако бил проверуван нејзиниот дом поради тоа што продавала дрога.
Детето било хоспитализирано и излечено по помината една недела во болница, неговите повреди исчезнале, па сега тоа ќе биде подалеку од својата мајка.
„Нему му треба помош, мора да оди на доктор“, кажала Липинктон на полицајците откако ја уапсиле, пробувајќи да ја објасни состојбата на својот син со недијагностицирана медицинска состојба.