Безбедносните сили на Иран убиле маж на северот на земјата, на собир на антивладини демонстранти кои јавно ја прославувале елиминацијата на фудбалската репрезентација од Светското првенство.
Според извештаите, активистите велат дека 27-годишниот Мехран Самак бил застрелан во главата од страна на силите на иранскиот режим откако пуштал музика во својот автомобил во Бандар Анзали. На совозачкото место била неговата свршеници.
Многу Иранци одбија да ја поддржат својата фудбалска репрезентација во Катар, сметајќи ја за репрезентација на Исламската Република.
Медиумите поврзани со државата ги обвинија непријателските сили внатре и надвор од Иран за неправеден притисок врз играчите по нивниот пораз од САД со 1-0 во последниот натпревар во групата.
Иранската организација за човекови права објави дека Мехран Самак бил застрелан и убиен од безбедносниот персонал на 30 ноември кога свикал на својот автомобил во градот Бандар Анзали на Каспиското Море за да го прослави поразот на иранскиот фудбалски тим на Светското првенство.