47- годишната Гордана Р. е убиена а нејзиниот брат Горан тешко ранет откако во нив пукал поранешниот сопруг на Гордана, јавуваат српските медиуми.
Имено, тројцата седеле во кафеаната ,,Мал Париз“ во српскиот град Крушевац, утрината околу 10 и 30, но одеднаш Милош Ј. , поранешен сопруг на Гордана, станал извадил пиштол и ѝ стрелал директно во главата , по што таа паднала мртва.
Тој пукал и во братот на Гордана, које е тешко ранет, а лекарите се борат за неговиот живот.
Семејната трагедија се случила пред очите на многубројните гости кои дошле да го испијат утринското кафе и случајните минувачи.
Српските портали пренесуваат дека сопственикот на кафеаната слушнал како напаѓачот пред да го извади пиштолот ѝ рекол на неговата поранешна сопруга дека прво ќе ја убие неа, па децата, и на крај ќе се самоубие, по што пукал и избегал. Подоцна Милош направил сообраќајка со возилото со која избегал, а кога полицијата го лоцирала си испукал два куршума во глава и се бори за живот.
Инаку, поранешните сопружници имаат две ќерки.