Една од двете туристки, нападнати од маж во близина на замокот Нојшванштајн во јужна Германија им подлегнала на повредите, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на канцеларијата на државниот обвинител.
21-годишна девојка починала во текот на ноќта во болница, а нејзината 22-годишна придружничка била задржана во болница поради сериозните повреди, јави јавната телевизија БР, повикувајќи се на информации од портпаролот на државниот обвинител во Кемптен.
Тој рече дека осомничениот е уапсен, но државното обвинителство се уште не се изјаснило за апсењето.
Б.Р го пренесува извештајот на обвинителите кои рекоа дека девојките налетале на маж на мостот на Марија од кој се нуди прекрасен поглед на светски познатиот замок.
ТВ БР јавува дека физичкиот конфликт започнал кога мажот сексуално ја нападнал 21-годишната девојка.
Кога пријателката се обидела да ѝ помогне, мажот ја фатил за врат и ја фрлил во бездна длабока 50 метри под мостот, а после тоа почнал да ја дави 21-годишната девојка и ја турнал преку мостот.
Осомничениот е приведен во вчера попладне по голема полициска акција и пренесен во полициска станица во блискиот град Фусен.