Во железничката несреќа којашто се случи синоќа кај Новска, во местото Раиќ, има најмалку три жртви и 11 повредени лица кои се хоспитализирани во болниците во блиските градови Славонски Брод, Пакрац и Нова Градишка, соопшти ноќта кон саботата портпаролот на хрватската влада.
24 сата“ објави сведоштво на жена која била на местото на несреќата. Таа вели дека сцената била премногу мачна, поради што набргу морала да замине.
„Живеам во близина. Дојдов таму по половина час, главно беа млади луѓе. Изгледаше страшно. Рекоа дека има 12 загинати луѓе, многумина се повредени. Страшно, болно, морав да го напуштам местото на несреќата. Огромна трагедија, луѓето плачат. Ужас“, вели жената за хрватскиот портал.
Ноќта пожарникарската служба објави дека под остатоците од возовите и вагоните нема ниедно приклештено лице.
Според прелиминарните сознанија, несреќата се случила околу 21,30 часот кога патничкиот воз налетал на товарен воз кој стоел на пругата поради дефект.