Седумнаесетогодишниот Мартин Б. е пронајден мртов во парк во Нови Кнежевац откако бил претепан од 19-годишниот М.Д. и 18-годишниот Ј.Д., како и уште двајца малолетници.
Како што дознава Курир.рс, телото на Мартин било пронајдено во раните утрински часови во паркот, на 18. септември без влидливи повреди. Меѓутоа, по направената обдукција откриено е дека смртта настанала насилно, па клопчето за ова злосторство почнало да се одмотува.
„Со ефикасна реакција на полицијата уапсени се четирите момчиња. Тие се осомничени дека несреќното момче го шутирале и удирале со раце, а обдукцијата покажала дека ударите му пукнал црниот дроб“, рекол извор од полицијата за Курир.рс
После сослушувањето во обвинителството на сите им бил одреден притвор од 30 дена.