Германецот Бернард Рејмонд фон Бредоу (62) и неговата ќерка Лорена Лидија (14) биле убиени во градот Арегуа, во близина на главниот град Асунсион. На неговото тело биле забележани знаци на тортура, соопштила полицијата.
Фон Брудоу бил колекционер на музички инструменти и се преселил во Парагвај во 2018 година. Обвинителката Сандра Ледесма рече дека се сомнева дека тројца пријатели на Фон Брудоу стојат зад злосторството и дека ги привела на испрашување.
„Малкумина знаеја дека тој носи антиквитети за кои многу колекционери од целиот свет копнееле“, рече Ледесма во интервју за локална радио станица.
Таа додаде дека се сомневаат дека виолините се познати инструменти на Страдивариус од 18 век.
Властите упаднале во домовите на тројцата пријатели на Ван Брудоу и велат дека пронашле оружје и мапа со очигледната локација на виолините и потврда за нивната автентичност.
Виолините на Страдивариус можат лесно да чинат повеќе од 1 милион долари, а во 2011 година една била продадена за 16 милиони долари.