Нигеријскиот брачен пар Беатрис Нванек Екверемаду (55) и Ајк Екверемаду (60) сакале да продаваат детски органи во Британија. Во соопштението на полицијата се наведува дека тие се обвинети за организирање или олеснување на патување на друго лице заради експлоатација или отстранување на органи, пренесува Гардијан.
На двете лица им е одреден притвор и подоцна ќе се појават пред Судот за прекршоци во Аксбриџ. Детето од овој случај е заштитено, соопштила полицијата.
Истрагата е покрената откако детективите биле предупредени во мај годинава за потенцијални злосторства според современите закони за ропство, соопштила полицијата. Не се познати повеќе детали бидејќи се чека кривичната постапка.