Во населбата Јалија во Нови Пазар, четири деца на возраст од шест месеци до пет години загинаа во пожар што избувна во нивниот стан.
Пожарот избувнал утринава околу 07 часот, а на местото веднаш пристигнале противпожарната служба, брзата помош и полицијата.
Според неофицијални информации на белградските медиуми, во станот биле пронајдени мртви четирите деца.
Еуроњуз пишува дека таткото на повредените деца е тешко повреден, со изгореници од втор, трет и четврти степен на 45 отсто од површината на телото, а нивната мајка исто така е со тешки изгореници.
Според првите информации, двајца случајни минувачи го виделе пожарот и заедно со соседите тргнале да помогнат, но поради силниот пожар не можеле доволно да се приближат.