Македонски автобус се преврте утринава околу 10 часот изутрината во Србија на магистралниот пат Прокупље – Блаце.
Крајната дестинација на патниците бил Копаоник. Според првичните информации едно лице е потешко повредено, a 11 поминале со полесни повреди и се хоспитализирани во здравствениот дом во Блаце.
Екипите на брзата помош веднаш пристигнале на местото на несреќата и во тек е укажување на помош на повредените. Засега не е позната причината на несреќата, но според српските медиуми, на овој пат се спроведувала реконструкција во последниот месец , со различен режим на сообраќајот во зависност од работата.